Утрински Весник
Свет

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Француски кардинал признал дека пред 35 години силувал 14-годишно девојче

Обвинителството во Марсеј денеска отвори прелиминарна истрага против кардиналот Жан-Пјер Рикар, еден од највисоките достоинственици на Француската католичка црква, за тежок сексуален напад, објавија медиумите.

dobivaj vesti na viber

Рикар вчера на конференцијата на француските бискупи призна дека малтретирал 14-годишно девојче пред 35 години и додаде дека се повлекува од своите верски обврски, пренесе АП.

Доминик Лорен, обвинителот на Марсеј, денеска отвори прелиминарна истрага по писмото од советникот на сегашниот бискуп од Ница, но прецизира дека сè уште не е поведено обвинение против кардиналот Рикар.

Ричкар (78) некогаш беше надбискуп на Бордо во југозападна Франција додека не се повлече во 2019 година за да служи во својата матична епархија Дингле-ле-Бен на југот на земјата, а во 80-тите беше свештеник во надбискупијата Марсеј.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина