Утрински Весник
Свет

Француската опозицијата го собори премиерот, целта е Макрон

Makron 960x539 1.jpg

Како што се очекуваше речиси 15 дена, мнозинството пратеници на Француското национално собрание синоќа гласаа за недоверба на владата на премиерот Франсоа Бајру, кој, како што најави, денеска ќе поднесе оставка пред претседателот Емануел Макрон и со тоа ќе го принуди претседателот на Петтата Француска Република да бара нов премиер по петти пат за 600 дена. 

Со обидот да ја добие поддршката од мнозинството пратеници за непопуларните масовни намалувања на буџетот од 43,8 милијарди евра со цел да се избегне „грчкиот дефицит“, Бајру не само што ја доведе својата малцинска влада до „политичка смрт“ по само девет месеци, туку сега Франција официјално е во политичка парализа каква што не е забележана од 1933 година, кога за само две години Третата Република имаше дури шест премиери.


Откако 364 пратеници беа за гласање за недоверба на владата, 194 против и 25 воздржани, Елисејската палата потврди дека претседателот Макрон ќе назначи нов премиер во наредните денови. 

Секако, Макрон има можност повторно да свика нови предвремени парламентарни избори, но тој тоа го отфрли како можност во изминатите неколку дена, очигледно проценувајќи дека таквото политичко коцкање како во јуни 2024 година само ќе ја доведе неговата центристичка коалиција до уште помалку пратенички места.

Соборувањето на уште еден премиер на Макрон го доведува во прашање планот за употреба на мерките за штедење за намалување на буџетскиот дефицит на 4,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е и натаму значително повисоко од критериумите на Европската Унија. 

Без разлика како Макрон се обидува да ја реши истата таа нерешлива равенка, каков и да е профилот на идниот премиер или премиерка, тој или таа ќе биде осуден да го изврши истото балансирање помеѓу, од една страна, парламент речиси подеднакво поделен на левичарски, центристички и десничарски блокови во кои ниедна струја нема јасно мнозинство, и од друга страна, презадолженоста на земјата чиј јавен долг изнесува околу 3.300 милијарди евра, што е 113,1 процент од БДП, исто како и на Грција на почетокот на должничката криза.

Блумберг Адрија

Можете да прочитате

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ

Израел со ракетен напад врз главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас

Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност