Утрински Весник
Свет

Француската екстремна десница води во анкетите три месеци пред изборите за ЕП

Francija.jpg

Француската крајнодесничарска партија Национален митинг води во анкетите за претстојните избори за Европскиот парламент, со 12 отсто разлика во однос на владејачката коалиција „Преродба“, покажуваат резултатите од анкетата што ја објави онлајн телевизијата BFMTV во неделата.

Екстремната десница, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела, би добила 29,5 отсто од гласовите, а центристичката коалиција „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон би добила 17 отсто.

Според резултатите од анкетата на групата Елаб за BFMTV и весникот La Tribune du dimache, останатите партии нема да го надминат изборниот праг од 10 отсто.

Еколошката партија би добила 9,5 отсто, Социјалистичката партија 8,5, а радикалната левичарска „Неосвоена Франција“ 7,5.

Што се однесува до десницата, Републиканската партија би добила седум отсто од гласовите, а екстремно десничарската листа предводена од Марион Маречал би добила 4,5 отсто.

Според истражувањето, 50 отсто од Французите се заинтересирани за изборите за ЕП закажани за 9 јуни, а најголема грижа им е војната во Украина.

Околу 65 отсто од Французите се загрижени дека војната во Украина може да се прошири и во нивната земја.

По неодамнешната изјава на Макрон дека не е исклучена можноста за испраќање западни војници на украинска територија, 79 отсто од Французите гласаа против предлогот.

Истражувањето е спроведено меѓу нешто повеќе од 1.500 возрасни испитаници, од 5 до 7 март.

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година