Утрински Весник
Свет

Франција ќе испрати брод во потрагата по исчезнатата подморница

Во Атлантикот исчезна подморница која превезува туристи до потонатиот брод Титаник

Франција ќе испрати брод опремен со најнови технологии за длабоко нуркање за да помогне во операцијата за пребарување и спасување на исчезнатата подморница која носеше туристи до местото на потонатиот „Титаник”, соопшти денеска француската влада.

dobivaj vesti na viber

Со бродот, наречен „Аталанте”, управува Институтот за истражување Ифремер. Ифремер објави дека во понеделникот бил контактиран од американската морнарица со барање за помош.

„Носи автономен робот Виктор 6000, кој може да се спушти на длабочина од 6.000 метри, над 3.800 метри од локацијата на остатоците“, рече Ифремер, додавајќи дека се очекува бродот да пристигне на местото на потрагата до среда навечер по локално време.

Дополнителни членови на екипажот од друг брод исто така итно се испратени во операцијата за пребарување. Владиниот извор потврди за Ројтерс дека францускиот државјанин, 77-годишниот истражувач Пол-Анри Наргеолет бил меѓу луѓето на исчезнатата подморница.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд