Утрински Весник
Македонија

Фракцијата на ДУИ: Цврсто ги подржуваме уставните измени

Фракцијата на ДУИ: Цврсто ги подржуваме уставните измени

Фракцијата на ДУИ соопшти дека ги поддржуваат уставните измени. Оттаму додаваат дека сакаат да учествуваат во овој процес и да имаат активна а не само набљудувачка улога.

dobivaj vesti na viber

„Иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската Унија за Интеграција да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети.

Непоколебливо ја подржуваме иницијативата за уставни измени, процес кој би отворил нова перспектива за земјата на патот кон интеграција во ЕУ, почитувајќи ја апсолутната волја на албанскиот народ за отстранување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот во однос на албанскиот јазик“ се вели во партиското соопштение.

Оттаму го поканија целиот албански политички фактор да се произнесат за оваа битна тема, да ја поддржат оваа иницијатива и да бидат обединети во овој став.

„Со ова се отвора ново поглавје на нашиот пат кон ЕУ, но исто така се поправа и една дво-децениска неправда кон албанскиот народ во Република Северна Македонија“ порачаа од фракцијата на ДУИ.

Можете да прочитате

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево