
Вчера во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа најголемата бизнис конференција во државата во организација на Бизнис лидер.
Пред стотина гости, бизнисмени, претприемачи, новинари ијавни личности се одржаа неколку панел дискусии и предавања за лидерството во бизнисот, новите технологии во економијата и ангажираноста и важностана човечкиот фактор.

Конференцијата со свое обраќање ја отвори министерот за економија и труд Бесар Дурмиши кој порача дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање подобра иднина за граѓаните.
„Нашата визија е јасна – Македонија да стане зелена, дигитална и иновативна економија, со силно претприемништво и со култура на иновации во секоја компанија. Само преку партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор можеме да обезбедиме стабилен раст, нови работни места и подобар животен стандард за сите граѓани“, рече Дурмиши.

Во своето излагање, меѓународниот тренер Анета Коробкина зборуваше за лидерството во бизнисот и како тоа влијае врз успешноста не само на конкретниот бизнис туку и на целата заедница.
„Искрениот поглед кон своите силни и слаби страни е темелот на секое лидерство, затоа што само кога ќе се спознаеме себеси можеме вистински да водиме други“, порача Коробкина, додавајќи дека самосвеста е клучна за лидерството.

Директорот на БиМилк Ѓорѓи Петрушевски зборуваше за одржливоста и конкуренноста на бизнисот, посочувајќи декаритоа, посочи дека во БиМилк одржливоста има конкретни координати: локални синџири, партнерство со фармерите, технологии за минимален отпад, енергетска трансформација и човечки капитал.
„Во Бимилк, секој ден ја живееме оваа одржливост. Секојдневно снабдуваме повеќе од еден милион потрошувачи. Тоа е еден милион причини да бидеме одговорни. Тоа е еден милион семејства кои очекуваат од нас квалитет, сигурност и доверба. Секој од тие потрошувачи не купува само производ, туку и доверба. А довербата, еднаш изгубена, никогаш не се враќа“ рече тој.
