Утрински Весник
Македонија

(Фото) Започна новата учебна година, ООУ „Александар Македонски“ во Ново Лисиче

A43da319 ba29 434f 925c 230c36dee82e.jpeg

Денеска, 1 септември, ѕвонче одново одекна во училиштата низ цела Македонија, означувајќи го почетокот на новата учебна 2025/2026 година. Радост, возбудa и малку трема се чувствуваа кај најмалите, кои за првпат ја преминаа прагот на училниците.

Екипата на 24 Инфо утрово беше во Основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче, каде што учениците беа пречекани со свечена програма и добредојде од наставниците и директорката на училиштето. Посебно внимание беше посветено на првачињата, кои со насмевки и букети влегоа во училниците, поддржани од своите родители.


Наставниот кадар и локалната самоуправа упатија пораки за успешна и безбедна учебна година, со акцент на квалитетно образование и грижа за секое дете.

Можете да прочитате

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје