Утрински Весник
Македонија

(Фото) Викендашите на враќање од Грција заглавија на две точки – колони возила на граница и кај Неготино

(Фото) Викендашите на враќање од Грција заглавија на две точки – колони возила на граница и кај Неготино

Колони возила и огромни гужви има попладнево на грчката граница и кај Неготино.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните кои продолжениот викенд одлучија да го поминат во Грција со часови се заглавени на патот кон дома.

Сведочат дека откако ја минале границата, поголемата препрека е на влезот на автопатот кај Неготино оти е затворен патот кај Демир Капија.

Возејќи од Гевгелија, тие се исклучуваат на стариот пат кај Демир Капија, па се приклучуваат на автопатот кај Неготино, пришто е дојдено до голем застој.

Автомотосојузот претходно објави дека од 26 април почнуваат градежни активности на Државниот пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затварање на автопатот на клучката Демир Капија.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102, соопшти АМСМ.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација