Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Фото+видео) Службите во Општина Бутел излегоа на терен да расчистат по невремето, подвозниците непроодни

(Фото+видео) Службите во Општина Бутел излегоа на терен да расчистат по невремето, подвозниците непроодни
Dik 300x250 mk

Екипите на Општина Бутел излегоа на терен веднаш по невремето што ја зафати општината.

dobivaj vesti na viber

Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел. Екипите на општината се во целосна координација со МВР и ЕВН.

Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите. На терен работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел.

Службите апелираат до граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и ветуваат дека сите штети ќе бидат санирани. Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата.

Отворен е телефонски број 075/274 421 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето.

Како што објави Макфакс, подвозниците во Бутел се поплавени од дождот и се непроодни.

 

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива