Утрински Весник
Македонија

ФОТО: Убиениот е син на поранешен функционер од ДУИ

Whatsapp Image 2025 02 11 At 10.12.49.jpeg

Во полноќното пукање во Чаир едно лице загина, додека друго беше повредено.

Според информациите, убиениот е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на Екрем Буњаку од ДУИ кој осум години беше директор на Техничка инспекција пишува 4news,mk.


Од МВР го потврдуваат настанот.

„На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, прри што било употребено огнено оружје“, велат од МВР.

Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пак било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото н апочинатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

ОЈО отвори истрага за лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

Следува силен ветер (над 60 км/час), многу топло и спарно време!

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025