
Хаосот со паркингот е долгогодишен проблем во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.
Колони за влез и излез, редици и заглавени автомобили но и амбулантни возила, вербални расправии па и физички пресметки се секојдневие во најголемата здравствена институција во државата.
Но, денес сиот тој хаос доби ново ниво.
Една од рампите, онаа кај Медицинскиот факултет беше демолирана а возилата слободно излегуваа од паркингот.

Засега нема информација дали некој од посетителите ја демолирал или можеби истата била неисправна.
Инаку, за решавање на овој проблем и оваа влада како и претходните најави изградба на катна гаража, а додека тоа се случи вработените и пациентите ќе доживуваат дополнителни нервози додека одат на работа или на медицински третман.


