Утрински Весник
Македонија

(Фото) Скопје во знак на хуманост: Вардар и Црвена ѕвезда одиграа натпревар за Кочани

8b5aa91b f140 42b5 8b8f cd42ae02a15c.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во хуманитарен натпревар посветен на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани, Црвена ѕвезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 3:1. Иако резултатот не беше во прв план, двете екипи одиграа ангажирана и квалитетна игра.

Вардар поведе преку Маневски во 28. минута, но до крајот на полувремето „црвено-белите“ направија пресврт со головите на Илиќ и Катаи. Конечниот резултат 1:3 го постави Сремчевиќ во финишот на натпреварот.


На полувремето, на Националната арена „Тодор Проески“, на теренот продефилираа бројни фудбалски легенди од двете екипи – Кочо Димитровски, Ванчо Балески, Ѓоре Јовановски, Зоран Бошковски, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Светислав Караси и Горан Попов.

Целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за семејствата на настраданите во трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе