Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Фото) Повторно знаме на т.н. „голема Албанија“ во Тетово, Касами се фотографираше пред него, па го промовираше

(Фото) Повторно знаме на т.н. „голема Албанија“ во Тетово, Касами се фотографираше пред него, па го промовираше
Img 7972

Повторно се вееше знаме на т.н. „голема Албанија“ во Тетово, а промоција му направи тамошниот градоначалник Биљал Касами. Тој беше да промовира асфалтирана улица, а зад него, се вееше спорната иконографија која промовира територијални претензии. Касами, даваше изјава за медиумите токму на таа позадина. Потоа, фотографии си објави и на социјалните мрежи. За разлика од претходниот пат, кога знамето беше веено, овојпат, беше само поставено. Покрај него, беше и албанското, но не и македонското.

dobivaj vesti na viber

„Макфакс“ побара одговори од Касами зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“. Тој не одговори на порака и по повеќе од една недела. Молк и на прашањата дали ќе им се извини на Македонците и другите народи за овој чин, но и дали ќе бара санкционирање на лицата кои го вееле.

Полицијата пак, работи на расчистување на претходниот случај, кога за време на собирот со косовскиот премиер Албин Курти се вееше ова знаме. Објавена е фотографија од вејачот, но идентитетот не е познат.

Заедничко за двата настани е што како организатор се јавува Општина Тетово односно Касами. Градоначалникот треба да се појави и на суд, бидејќи, пречекот на Курти помина без интонирање на македонската химна и без поставување на македонското знаме.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи