Утрински Весник
Свет

(Фото) Остатоци од авионот кој се урна во Пула: истрагата се уште во тек

(Фото) Остатоци од авионот кој се урна во Пула: истрагата се уште во тек
Dik 300x250 mk

Две лица загинаа во падот на мал приватен авион со германска регистрација во петокот во 12:30 часот при полетување од аеродромот во Пула.  Убиен бешe пар од Германија. Објавени се и фотографии од остатоците на авионот.

dobivaj vesti na viber

Авионот полетал од аеродромот во Пула  кон словенечкиот аеродром Порторож и паднал на оддалеченост од 50 метри од пистата на аеродромот во Пула.

Во авионот имало две лица со германско државјанство, кои загинале.

Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај за инцидентот веднаш била известена од аеродромот во Пула и Хрватската контрола за воздушна навигација.

Веднаш по пријавувањето на инцидентот, инспекторите на Агенцијата за воздухопловни несреќи излегоа на терен за да извршат увид. Понатамошната истрага е во тек.

 

Можете да прочитате

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања

Трамп: САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина