Утрински Весник
Македонија

(Фото) Ниту камион пропаднал ниту има дупка во фонтаната на плоштадот

(Фото) Ниту камион пропаднал ниту има дупка во фонтаната на плоштадот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во медиумите денеска се прошири вест дека повторно пропаднал камион на плоштадот Македонија.

dobivaj vesti na viber

Но, фотографијата е од минатата година кога камион пропадна кај фонтаната.

Денешната фотографија, што некои медиуми ја објавија со вест, беше објавена на фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. Некои од нив ја увидоа грешката и ја тргнаа објавата.

На фонтаната веќе одамна стои само црвено-белата сигнализација:

Вакви инциденти изминатите години имаше четирипати. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на „Вардар“ по освоената шампионска титула. Во март 2021 пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. И лани во ноември пропадна камионче на приватна компанија.

Фото: Адем Маровци

Можете да прочитате

Ексдиректорот на затворот „Скопје“ доби осум месеци затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС тоне во хаос, ние носиме стабилност, економски раст и повисок стандард за народот 

Запленети над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар