Утрински Весник
Скопје

(Фото галерија) Старата скопска чаршија преполна со посетители

Charshi a 4.jpg

Викеднов Скопје беше со многу сонце и натпросечно високи температури за овој период од годинава.

И вчера и денеска десеттици илјади граѓани, ги посетуваа најпопуларните локации во градот.

Полно беше во Градскиот парк, во Зоолошка, на Водно, но и на излетичките места како Сарај паркот и Марков манатстир.

Но, денеска преполно беше и во Старата скопска чаршија, бисерот на Скопје.

Илјадници граѓани, скопјани, жители на соседните градови, но и на соседни држави го искористија убавото време и прошетаа низ чаршијата.

Иако дуќаните, не работеа, кафулињата, чајџилниците и рестораните и сендвичарите беа преполни и се бараше место повеќе.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем