
Традиционалниот осмомартовски марш во Скопје и годинава помина со пораки за еднаквост и почитување на правата на жените. Организаторите нагласија дека маршот е исклучиво граѓанска иницијатива и апелираа тој да не се партизира.
„Маршот е чисто граѓански протест против системското долгогодишно бришење на жените. На него имаат право да се приклучат сите граѓани и граѓанки. Забранети се партиски и институционални обележја, бидејќи протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, порачаа организаторите.
На денешниот марш се приклучи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој присуствуваше како граѓанин.

Маршот традиционално се организира на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, со цел да се укаже на потребата од поголема родова еднаквост, почитување на правата на жените и надминување на општествените нееднаквости.



