Утрински Весник
Македонија

(Фото) Еве како беше уапсен Груби

Grubiaps.jpeg

Утрово на Граничниот премин Блаце беше уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби кој неколку месеци беше избеган од државата.

Тој е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во рамки на случајот што се однесува на работењето и договорите на Државната лотарија на Северна Македонија.


Поранешниот прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

24инфо.мк објавува ексклузивна фотографија од моментот на апсењето.

Можете да прочитате

Најстудено утрово на Попова Шапка

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

Пронајдена дрога во Делчево – 24info.mk