Утрински Весник
Македонија

(Фото)Екологистите лоцираа женка рис во близина на Стража

1 7

Тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД) минатата ноќ лоцира нова женка рис во кафез-замката што беше направена минатата недела, а поставена пред три дена. -Среќна вест! Тимот на МЕД минатата ноќ лоцира нов женка рис, и тоа во кафез-замката што беше направена минатата недела, а поставена пред три дена. Женката рис Луна пред само неколку часа беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откога ѝ беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода“, велат од МЕД.

Од МЕД велат дека е крстена Луна бидејќи е најдена на полна месечина. -Како дел од нашите редовни активности, нашиот тим заедно со тројца волонтери направи кафез-замка, која оваа среда беше поставена на планината Буковиќ во близина на Стража. Половина час по полноќ, добивме аларм дека во кафез-замката има рис и веднаш се упативме на терен. Стигнавме на локацијата околу 3 часот по полноќ и почнавме со редовната процедура при заловување нов рис. Овој пат среќни сме што рисот е женка и е во одлична состојба. Тежи 18 килограми. Ја крстивме Луна бидејќи ја најдовме на полна месечина“, вели Искра Манојлоска за „Макфакс“, координатор за комуникации во Македонското еколошко друштво.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка на континентот. Балканскиот рис е на работ на истребување. Се проценува дека има останато 100-ина единки. Почнува да се пари во јануари до февруари, а младенчињата се раѓаат во април.

Можете да прочитате

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца