Утрински Весник
Македонија

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините

F425e15f 0f50 4b93 8e14 393303deaa57.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во својот зенит, предизборната кампања донесе чудни предизборни кореографии на митинзите и средбите со граѓаните.

Она што до последните избори беше стандард на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ односно носење и веење на знамиња со сонцето од Вергина (кои често беа и побројни од државните знамиња) на овие избори речиси и да го нема.

Нофицијално, по социјалните мрежи се тврди дека на активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ им било во најмала рака наложено (некои тврдат дури и забрането) да веат знамиња со сонцетот од Вергина, но и да не скандидаат „Никогаш Северна – Само Македонија)

Но, предизборниот декор со знамиња со сонцето од Вергина може да се забележи кај друг, би се рекло помалку неочекуван политички субјект, а тоа е ЗНАМ на екс сдомвскиот функционер Максим Димитриевски.

Тоа можеше да се забележи на настаните на ЗНАМ во Охрид и Струга, но и на други митинзи и средби.

Ова ги засили коментарите на објавите на социјалните во кои граѓаните пишуваат дека со ова е разоктриена идеолошката матрица на ЗНАМ која се разликува од онаа што ја декларира лидерот на оваа партија и дека таа само „помага ВМРО да дојде на власт како во 2006 кога од СДСМ се издвои НСДП“.

Можете да прочитате

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна

Обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука