Утрински Весник
Македонија

Форум: Студентите имаат потреба од дигитализација на универзитетите и намалување на финансискиот товар при студирање

Ukim.webp.webp

Студентите имаат потреба од подобрување на условите за студирање преку намалување на финансиски товар и дигитализација, воедно бараат навремена исплата на стипендии, ова беше посочено на денешниот Студентскиот форум во организација на Форум за Образовни Промени

Извршниот директор на Форумот за образовни промени Бленди Ходаи посочи дека токму денешниот настан има за цел креирање на платформа преку која ќе се дискутира за овие проблемите заради полесно изнаоѓање на решенија.

„Целта на денешниот настан е да создадеме една платформа преку студентскиот форум каде сите студенти на државни и приватни универзитети ќе се соберат за да се дискутираат проблемите со кои се соочуваме и решенијата кои треба да ги преземеме. Од друга страна, мило ми е што вчера седум униеверзитети во државава потпишаа заедничка декларација за формирање на националното студентско тело кое ќе биде легитимна неформална платформа каде ќе се здружат за да можат да ги засилат нивните капацитети и претставниците на студентите ќе можат полесно да ги застапуваат проблемите на студентите“, изјави Ходаи.

Додаде дека изминатиот период биле направени истражувања кои ги потврдиле моменталните проблеми на студентите.

„Форумот за образовани промени во последниот период направи истражување во однос на тоа колку финаниски импликации имаат студентите да завршат четири или пет години факултет во земјата и видовме дека финансискиот товар е многу поголем од тоа што знаеме дека е само партиципација за семестар, а за да се реши финансискиот товар потребно е да имаме бесплатно високо обраозвание во првиот циклус на студии. Вториот проблем кој многу се адресира е фактот што нашите универзитети, особено државните, не се дигитализирани воопшто освен „Гоце Делчев“ и тоа е една голема мака на студентите затоа што секоја година кога треба да се пријават и да се прават записи на семестри студентите чекаат три саати ред на студентски прашања и тоа не треба да се случува“, порача тој.

Посочи дека исто така потребно е да се реши проблемот со доцнењето на студентски стипендии и исплатата да биде во најкус можен рок.

Ходаи рече дека вакви слични проблеми имаат и соседните држави.

„Задоволни сме со присуството и со заинтерсираноста на студентите за ваквите настани и тие што се присутни имаат интерес да следат и даваат фидбек на панелите, исто така и на неформалните дискусии што ги имаме со гостите од регионот од Србија, Албанија, Косово и Бугарија и сите овие земји се соочуваат со слични предизвици. Многу интересно е тоа што да немавме знамиња, гледајќи по проблемите ќе кажевме дека сме една земја, сега гледаме дека горе долу сите држави ги имаат истите проблеми, но доброото е тука што ние можеме да се инспирираме од нив и тие од нас за некои добри пракси“, оцени Ходаи.

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!