Утрински Весник
Македонија

Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Whatsapp Image 2025 02 27 At 16.15.32 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: 

СДСМ и Форумот на жени најостро ја осудува денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, кон пратеничката Славјанка Петровска.


Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на сите граѓани, Кочовска посегна по коментирање на приватниот живот на Петровска, потсмевајќи и се дека нема семејство и дека не е мајка.

Ова е уште една во низата потврди за тоа дека ДПМНЕ без никакви резерви и секогаш прибегнуваат кон дискриминација и понижување на жените.

Кочовска се дрзна да ѝ каже на Петровска дека таа не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама.

Во типичен и крајно дрзок дпмневски манир, Кочоска ѝ кажа на Петровска дека воопшто не ја почитува.

Ова е најдолниот настан којшто се случил во македонскиот парламент.

Бараме Кочовска да излезе и јавно да се извини на Петровска и на сите жени кои денеска ги омаловажи и ги понижи.

Ги повикуваме и од Унијата на жени на ДПМНЕ, да реагираат и да ја осудат оваа срамна изјава заедно со навредите на Кочовска. 

Мора да се стави крај на дискриминацијата против жените и оние кои се борат за баланс помеѓу работниот, семејниот и социјалниот живот.

Можете да прочитате

Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево

Обвинителство отвори постапка против десет припадници на затворска полиција во затвор “Скопје”

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски