Утрински Весник
Спорт

Формула 1 го потврди новиот формат кој стартува викендов во Баку

Формула 1 го потврди новиот формат кој стартува викендов во Баку

Пo речиси еден месец пауза, Формула 1 се враќа викендов во полн сјај. На распоредот е четвртата трка во сезоната која се вози на улиците на Баку, главниот град на Азербејџан. Тоа ќе биде прва трка оваа сезона, на која ќе и претходи спринт, формат кој претрпе промени по две години.

dobivaj vesti na viber

Ова е трета сезона во која се возат и спринтови пред одредени трки. Станува збор за пократки трки кои се возат во сабота, а конечниот редослед на спринтот бил и стартниот редослед на главната, неделна трка. Спринт квалификациите се возеа во петок. Сепак, оваа сезона нема да биде така.

Формула 1 потврди дека оваа сезона ќе се користи нов формат на спринт, односно дека спринтот повеќе нема да влијае на стартниот редослед на главната трка. Така, петочните квалификации ќе ги одредат позициите за недела, додека на саботниот спринт ќе му претходат посебни, пократки квалификации. Првото коло од тие квалификации ќе трае 12, второто – десет, а третото – осум минути.

Ова ќе им овозможи на возачите да преземаат повеќе ризици за време на спринтовите бидејќи сега немаат влијание на главната трка. Победникот од спринтот ќе добие осум бода за вкупниот пласман, второпласираниот седум, третопласираниот шест и така натаму до еден бод за осмото место.

Покрај во Баку, оваа сезона спринт ќе има и на трките во Австрија, Белгија, Катар, САД и во Бразил.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ