Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Повеќе нема место за илузии, мора да работиме на иднината на европската безбедносна архитектура 

Ursula fon der la en.jpg

Европската унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

„Време е да започнеме разговор за користење на неочекуваните профити од замрзнатите руски средства за заедничко купување на воена опрема за Украина“, навела таа во Европскиот парламент, пренесе „Ројтерс“.

Претседателката на ЕК во својот говор ја повика ЕУ да направи повеќе за одбранбената политика и најави презентација на првата европска индустриска стратегија за одбрана во наредните денови, пренесува „Анса“.

„Во срцето на одбранбената стратегија, мора да постои едноставен принцип: Европа мора да троши повеќе, да троши подобро, да троши на европски начин“, нагласи Фон дер Лејен.

Претседателот на Европската комисија додаде дека една од главните цели ќе биде приоритетот на заедничките набавки во одбранбениот сектор.

„Исто како што направивме со вакцините или природниот гас“, објави таа во Европскиот парламент.

Можете да прочитате

Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск

Состанок на Г7 во Канада – несогласувања околу декларацијата за Украина, отсутни меѓулидерски забелешки за Иран, без напредок за царините