Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен и Калас: Шокирани сме и згрозени

Фон дер Лајен и Калас: Шокирани сме и згрозени

Премиерката на Естонија – Каја Калас и претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен објавија заедничко видео снимено на граничниот премин меѓу Естонија и Русија.

dobivaj vesti na viber

„Шокирана сум и ужасната од суровиот напад врз Киев и другите украински градови. Русија уште еднаш на целиот свет му покажа за што се залага – терор и бруталност. Одговорните мора да бидат казнети. Жалиме за жртвите, изразив искрено сочувство до нашите украински пријатели Знам дека Украинците нема да бидат заплашени од ова, а Украинците знаат дека ќе бидеме со нив се додека е потребно“, рече Фон дер Лајен, а Калас се надоврза на нејзините зборови.

„Ние стоиме овде на источната граница на Европската унија. Во позадина е Русија. Испраќаме јасна порака до сите Украинци – ве поддржуваме на секој можен начин. Она што мора да го направиме е да испратиме системи за противвоздушна одбрана во Украина, така што дека Украинците можат да ги заштитат своите градови, нивните цивили. Русија, имено, ја ескалира штетата што ја нанесуваат на цивилите. Ние стоиме со жртвите. Ние стоиме со Украина“ – рече Калас.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата