Утрински Весник
Свет

Флотила со помош за Газа нападната со дронови и експлозии

20250924075639 big 730x400 93.webp.webp

Организаторите на про-палестинската флотила, која има за цел да достави помош до Газа, соопштија дека Израел ги нападнал со „светлосни бомби, експлозивни ракети и сомнителни хемикалии“ додека се приближувале кон воената зона, јави ДПА.

– Израелските окупаторски сили извршија најмалку 11 напади врз Global Sumud Flotilla, додека се наоѓаше на 600 морски милји (1.100 километри) од Газа, соопшти утрово организацијата CODEPINK на социјалните мрежи.


– Израел ги заплашува и тероризира хуманитарците кои носат помош во меѓународни води. Барајте безбеден премин за флотилата. Прекинете ја блокадата на Газа веднаш, се додава во соопштението, кое го сподели и самата флотила.

Global Sumud Flotilla објави видео на своите канали во кое се тврди дека се гледаат „шок-бомби – нефатални експлозивни уреди што најчесто ги користи полицијата или војската. Тие се дизајнирани привремено да ги онеспособат луѓето без трајни повреди и често се користат за контрола на толпа или при спасувачки операции на заложници.“

Активистите тврдат дека против бродовите биле употребени „експлозивни ракети“ и „сомнителни хемикалии,“ како и „неидентификувани дронови и прекин на комуникации.“

– Ние лично сме сведоци на овие психолошки операции токму сега, но нема да бидеме заплашени, објави флотилата на Телеграм.

Претходно, Франческа Албанезе, специјален известувач на ОН за палестинските територии, сподели едно од видеата на флотилата на нејзиниот профил на Х.

„Деветти напад пријавен врз хуманитарни бродови во меѓународни води (југозападно од Крит) – сред ноќ! Ете: геноциден на копно, морски одметник на море, напиша таа во објавата.

Global Sumud Flotilla, која тргна од Барселона кон крајот на август со стотици активисти на бродовите, има цел да ја пробие израелската поморска блокада на брегот на Газа и да испорача хуманитарна помош на населението во воената енклава. „Сумуд“ на арапски значи „истрајност.“

Израел во минатото спречи повеќе обиди за пробивање на поморската блокада.

Можете да прочитате

Песков: Русија е повеќе како мечка отколку како тигар

Колку е силна полската армија

Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати