Утрински Весник
Спорт

Флорентино Перез го сака Микел Артета како наследник на Анчелоти

Флорентино Перез го сака Микел Артета како наследник на Анчелоти

Европскиот и светски клупски првак Реал Мадрид потклекнува во трката за шампионската титула во Ла Лига, а тоа сериозно ја загрозува позицијата на тренерот Карло Анчелоти. Шпанските медиуми открија дека претседателот Флорентино Перез имал жесток разговор со Анчелоти по ремито без голови против Бетис, а веќе има најави дека тој сигурно ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Најновата вест е дека Флорентино Перез за негов наследник го сака Микел Артета, менаџерот кој го препороди Арсенал и е на водечката позиција во Премиерлигата.

„Кралевите“ во моментот имаат девет бода негатива во Ла Лига во однос на големиот ривал Барселона.

Можете да прочитате

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула

Македонија и Португалија одиграа нерешено