Утрински Весник
Спорт

Флик задоволен по победата над Еспањол

Fudbal.jpg

По синоќешната победа на Барселона од 2:0 против Еспањол во рамки на 18. коло од шпанското првенство, тренерот Ханси Флик истакна дека освоените три бода се значајни за кревањето на самодовербата на тимот во пресрет на Суперкупот на Шпанија. Флик нагласи дека натпреварот не бил нималку лесен, особено по паузата за време на празниците, но дека е задоволен од прикажаното.

Тој потенцираше дека секоја победа носи позитивна енергија и дополнителна сигурност кај фудбалерите, додавајќи дека тренинзите му влеваат оптимизам пред следните предизвици. Со оваа победа, Барселона останува лидер на табелата во Ла Лига со 49 освоени бода, додека Еспањол се наоѓа на петтата позиција со 33 бода. Во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, каталонскиот тим ќе се соочи со Атлетик, а дуелот е закажан за среда, 7 јануари.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука