Утрински Весник
Спорт

Флик и официјално е нов тренер на Барселона

Hansi Flik 1 E1670180556846.jpg

Минатата недела се беше договорено, а денеска и официјализирано – германскиот стручњак Ханси Флик е назначен за нов тренер на Барселона.

Најпрвин Барселона се прости од Чави Ернандез, а потоа го претстави Флик, кој потпиша договор до 30 јуни 2026 година.

-Со доведувањето на Ханси Флик за тренер, Барселона избра човек кој е добро познат по високиот пресинг на неговите тимови, интензивниот и смел стил на игра што му донесе голем успех на клупско и меѓународно ниво, освојувајќи речиси се што може да се освои во светот на фудбалот – објавено е на официјалниот сајт на каталонскиот клуб.

Флик стана третиот германски тренер на клупата на Барселона и прв по 41 година и Удо Латек.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024