Утрински Весник
Спорт

Фламенго по третпат со трофејот од Копа Либертадорес

Фламенго по третпат со трофејот од Копа Либертадорес
Dik 300x250 mk

Фламенго остана непоразен на патот до третата титула од Копа Либертадорес откако во бразилското финале на полупразниот „Метрополитано“ стадион во Еквадор стигнаа до 1:0 победа над Атлетико Паранаенсе.

dobivaj vesti na viber

Габриел Барбоса, попознат како Габигол, повторно беше ѕвезда на Фламенго, постигнувајќи го единствениот гол на мечот. Фламенго исто така беа шампиони на Јужна Америка во 1981 и во 2019 година (кога Барбоса двапати стрелаше за 2:1 победа над Ривер Плата). Барбоса исто така го постигна единствениот гол на клубот од Рио де Жанеиро во поразот во финалето од Палмеирас минатата сезона.

На патот до финалето, Фламенго ги победи Толима од Колумбија, бразилскиот Коринтијанс и аргентинскиот Велес Сарсфилд со победа во сите мечеви. Нивниот напаѓач Педро, кој се очекува да биде во бразилската репрезентација за СП во Катар за разлика од Габигол, беше најдобар стрелец на натпреварувањето со 12 гола во 13 меч.

Атлетико Паранаенсе, кои ја бркаа првата титула од Либертадорес, не успеа да освои трофеј во последниот тренерски меч на легендарниот Луис Фелипе Сколари, 73-годишниот поранешен бразилски селектор, кој претходно го освои Либертадорес со Гремио во 1995 и Палмеирас во 1999 година.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс