Утрински Весник
Македонија

Фирма од Скопје измамила 140.000 евра од Фондот за здравствено осигурување

Denari Pari.jpg

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител на фирмата Бауерфеинд ДООЕЛ, која со лажна нотарска изјава склучила тригодишен договор со Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), со што го оштетила буџетот на Фондот за околу 140.000 евра.

Имено, пријавената управителка дала лажна изјава заверена на Нотар со која потврдила дека за Фондот ќе набавува и фактурира ортопедско помагало со назив „Ортоза за колк со зглоб“, иако била свесна дека се работи за пластичен апарат наменет за коленото и скочниот зглоб.


Со оваа фалсификувана изјава, првообвинетата свесно го довела Фондот во заблуда со нив да потпише договор за набавка на ортопедски помагала кои не одговараат на намената и дијагнозата, во рок од 1 јануари 2014 година до 31 декември 2016 година, за чие издавање е потребна потврда од доктор специјалист, велат од Финансиска полиција.

Во договорниот период од три години, фирмата Бауерфеинд го снабдила Фондот за здравство со 171 од овие помагала, фактурирани со погрешна шифра, за кои наплатиле сума во вредност од 8.703.558 денари, или околу 50 000 денари од примерок, со што го оштетиле Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Можете да прочитате

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

Почна судењето против Мерко за поставената спомен плоча на влезот на Општина Струга