Утрински Весник
Свет

Финската премиерка Сана Марин го призна поразот на изборите, ја критикуваа за нејзината склоност кон журките

Финската премиерка Сана Марин го призна поразот на изборите, ја критикуваа за нејзината склоност кон журките

Финската премиерка Сана Марин од Социјалдемократската партија го призна поразот на парламентарните избори одржани во неделата, на кои опозициската десничарска Национална коалиција (НПЦ) освои најмногу гласови, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Претходно, лидерот на НПЦ, Петери Орпо, прогласи победа на изборите. „Добивме најмногу мандати“, рече Орпо.

Врз основа на 93,4 отсто преброени гласови, неговата партија ќе добие најмногу мандати во парламентот, 48 од вкупно 200, со освоени 20,5 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Изборната комисија на Министерството за правда.

Според малку порано објавените проекции на финскиот јавен сервис „Иле“, НПЦ ќе добие 48 од 200 места во парламентот, Партијата на Финците 46, а Социјалдемократите на премиерот Сана Марин 43.

Право, прво да го собере парламентарното мнозинство има лидерот на партијата или групата која ќе добие најмногу гласови.

Орпо рече дека ќе разговара со сите групи што влегле во парламентот со цел да добие мнозинство и да формира влада, додека Марин рече дека нејзините социјалдемократи би можеле да управуваат со НКП, но сигурно нема да влезат во влада со партијата на Финците.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење