Утрински Весник
Свет

Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија

20250110073811 Big 730x400 69.webp.webp

Финската влада објави дека има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија, продолжувајќи ја важноста на контроверзниот привремен закон кој им дозволува на граничарите да не дозволуваат влез на барателите на азил во Финска под одредени услови.

Привремениот закон стапи на сила на 22 јули како одговор на приливот на баратели на азил кои пристигнаа на границата со Русија во есента 2023 година. Хелсинки инсистира на тоа дека нивното пристигнување било организирано од Москва, обвинение што Кремљ го негира.


Финското Министерство за внатрешни работи соопшти дека затворањето на границата и новиот закон ставиле крај на употребата на имиграцијата за притисок.

Според соопштението, Министерството сака да ја „продолжи важноста“ на овој закон, иако официјален претставник на министерството изјави дека се чека проценка за времетраењето на ова продолжување.

„Безбедносната ситуација на источната граница на Финска е напната, но засега стабилна. Сепак, мора да бидеме подготвени да се соочиме со брзи и критични промени“, изјави министерката за внатрешни работи Мари Рантанен. Во декември 2023 година, Хелсинки ја затвори границата долга 1.340 километри со источниот сосед на неодредено време.

И експертите и самата финска влада признаа дека контроверзниот привремен закон не е во согласност со Уставот и со меѓународните обврски на Финска за човекови права. Мерките предвидени во него се наменети да се спротивстават на, како што велат финските власти, „хибридни руски напади“, за период од еден месец, само во одредени области на земјата и доколку се оцени дека се загрозени нејзиниот суверенитет и безбедност. Тогаш ќе можат да аплицираат само ранливите баратели на азил, како што се децата и лицата со посебни потреби. Нивниот прием ќе биде во дискреција на граничните службеници и нивните одлуки нема да бидат обжалени.

Можете да прочитате

Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп

Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс