Утрински Весник
Свет
Img 7972

Финска детектирала мала количина на радијација

Финска детектирала мала количина на радијација
Img 7972

Финска открила мала количина на радиоактивни изотопи во воздухот на југоисточниот дел на земјата, но нема ризик за луѓето и таквите откритија се нормални, објавила тамошната агенција за нуклеарен мониторинг, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Откриената радиоактивност нема никакво влијание врз животната средина или здравјето на луѓето бидејќи концентрациите се многу ниски“, објави агенцијата „СТУК“. Финска, Шведска, Русија и поширокиот регион имаат бројни нуклеарни реактори.

„Помали количини циркониум и ниобиум можат да побегнат во воздухот, на пример од горивото на нуклеарната централа за време на одржувањето“, додале од „СТУК“.

„За време на собирањето примероци, воздушните струи се движеа од исток и југоисток, но изворот на зрачењето е непознат“, велат од таму.

„СТУК“ како што соопштиле, не планира дополнително да го истражува ова откритие бидејќи е сосема нормално.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија