Утрински Весник
Македонија

Финансиска полиција со детали за постапката против екс директорот на СОЗР

Finansiskapolicija.png

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, за сторени кривични дела ПРИМАЊЕ ПОТКУП по член 357 став 1 и став 3 од КЗ на РМ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА по член 361 став 1 од КЗ на РМ, ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 став 1 од КЗ на РМ и НЕСОВЕСНО РAБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 2 од КЗ на РМ и едно физичко лице во својство на сопственик и управител на правен субјект од Скопје за сторено кривично дело ДАВАЊЕ ПОТКУП по член 358 став 1 од КЗ на РМ.

Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело ПРИМАЊЕ ПОТКУП по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело ДАВАЊЕ ПОТКУП по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.


Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија и го сторил кривичното дело ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Исто така првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи и во својство на одговорен менаџер- accountable manager на Авио Службата при Службата за општи и заеднички работи, иако знаел и бил свесен, а од 27.10.2023 година и запознаен со фактот дека едно лице вработено како пилот, не ги исполнувало условите за капетан-водач на воздухоплов, со несовесното вршење на своите овластувања и должности, овозможил на истото лице во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година од Службата за општи и заеднички работи да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата во својство на капетан- водач на воздухоплов, на кој начин првопријавениот овозможил лицето да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 3.444.615 денари, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело НЕСОВЕСНО РAБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 2 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија

Можете да прочитате

Се повеќе деца заболени од варичела во Куманово

ОЈО за акцијата на МВР: Извршени се претреси на 16 локации

Уставниот суд го поништи Законот за данок за солидарност – државата сега е должна да врати 50 милиони евра на 156 компании