Утрински Весник
Спорт

Финалето на Лигата на шампионите во 2026 година во Будимпешта

20240522171245 Big 730x400 15.webp.webp

Финалето на Лигата на шампионите во 2026 година ќе се игра на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, одлучено е на состанокот на Извршниот комитет на Европската фудбалска централа (УЕФА) во Даблин.

Будимпешта беше единствениот кандидат за организација на финалето на најсилното европско фудбалско натпреварување во 2026 година, па немаше голема дилема околу тоа кој би можел да ја добие оваа престижна можност од европската куќа на фудбалот.

УЕФА соопшти дека ја одложила одлуката за домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година, иако единствен кандидат за организација на ова финале беше стадионот „Џузепе Меака“ во Милано.

Како што беше претходно познато, одлучено е финалето на Лигата на шампионите на УЕФА за 2025 година да се игра на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Што се однесува до овогодинешното издание на финалето на најсилното натпреварување на Стариот континент, меѓу Реал и Борусија Дортмунд, тоа е закажано за 1 јуни на лондонски „Вембли“.

УЕФА во соопштението наведе дека финалето на Лига Европа во 2026 година ќе се игра на стадионот Бешикташ во Истанбул. Организацијата на финалето на Лига Европа во 2027 година му беше доделена на Франкфурт. Финалето на Конференциската лига во 2026 година ќе се игра во Лајпциг, а во 2027 година на стадионот Бешикташ.

Можете да прочитате

Тепачка помеѓу српските навивачи и германската полиција во Минхен пред натпреварот меѓу Данска и Србија

ФСД ќе ја плати казната во УЕФА, а сметката ќе ја испорача до навивачите

Уапсени двајца криминалци – го уценувале семејството на Шумахер, барале 15 милиони евра