Утрински Весник
Македонија

Филмски грабеж се случи вечерва, намерно удриле во возило пукале кон возачот и му одзеле 150.000 евра

Img 20240315 Wa0019.jpg

Грабеж како од филмовите се случил вечерва во Куманово.

Како што дознава 24инфо.мк од полициски извори вечерва нешто по 20 часот на улица „Доне Божинов“ додека возило марка ,,Пасат” во него удрило ПМВ „Ренџ Ровер’’ со скопски регистарски таблички во кое имало 4 непознати лица, при што едно од нив со пиштол испукало неколку куршуми во правец на возачот.

Потоа, лицата излегле и од возачот одзеле една торба во која имало 150.000евра, го запалиле ,,Роверот“ и со друго непознато возило кое било во близина побегнале од лице место упатувајќи се во непознат правец.

Ограбениот возачне е повреден, а единица наТериторијалната противпожарна единица го изгасила запаленото возило.

Екипи на МВР се на местото на настанот а жртвата е сопственик на менувачница во Куманово.

Можете да прочитате

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Силен ветер, со брзина од над 75 километри на час, го оштети покривот на средното електромашинско училиште во Штип

Силен ветер ја зафати и Битола: На неколку локации предизвикани штети