Утрински Весник
Магазин

Филм за турнејата на Тејлор Свифт набргу ќе пристигне во кината во 100 земји

Филм за турнејата на Тејлор Свифт набргу ќе пристигне во кината во 100 земји

Филм за концертната турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт пристига во киносалите во Америка и во светот на 13 октомври, објавија во вторникот дистрибутерот „Еј-ем-си“ и Свифт.

dobivaj vesti na viber

Дистрибутерот планира филмот, со наслов „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ (Taylor Swift: The Eras Tour), да се прикажува во 100 земји.

„Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се случи во светот“, напиша пејачката на „Инстаграм“.

„Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм The Eras Tour официјално доаѓа во кината во светот на 13 октомври!“, додаде таа.

Според медиумите, Свифт (33), најверојатно, ќе заработи милијарда долари од турнејата, првпат во историјата. Филмот би требало да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд во северноамериканските кина, што не се памети за концерт што се прикажува во киносали.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста