Утрински Весник
Македонија

Филков: Приоритет на Министерството за правда е враќањето на довербата во правосудниот систем

Filkov.webp.webp
Dik 300x250 mk

Министерот за правда Игор Филков во интервју за Press24.mk  вели дека и покрај предизборниот период , Собранието е во постојано заседание и реформскиот процес нема да застане и ќе се продолжи со полн интензитет.

 ,,Кога се работи на суштински закони кои се од интерес на сите граѓани, ние како Министерство за правда процесите ги водиме транспарентно, отчетно, со вклучување на сите релевантни чинители кои што може да дадат придонес. Нашата заложба за транспарентност веќе е признаена од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер , каде Министерството за правда високо котира во првата графа со многу добра транспарентност.Нашата цел не е брзина по секоја цена, туку суштински и одржливи реформи. Тоа го должиме на граѓаните, и на процесот кон приближување кон ЕУ”,посочува Филков.


Во однос на најавите за измени и дополнувања на  Кривичниот законик, министерот Филков потенцира дека се работи на доусогласување со Министерството за внатрешни работи за кривичното дело ,, Безобзирно управување со моторно возило” по што измените ќе влезат во владина процедура. Паралелно се работи и на нов Кривичен законик кој ќе биде готов до крајот на годината.

Можете да прочитате

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа