Утрински Весник
Македонија

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

Whatsapp Image 2024 11 24 At 11.33.42 A1858690.jpg

Заради големите национални прашања како полноправното членство во НАТО Алијансата, напорите за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ, решавање на отворените прашања со соседите, нашите Влади ја занемарија ефикасноста во обезбедување на сервисните функции на државниот апарат, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче во своето обраќање на 30. Конгрес на СДСМ.

Филипче посочи дека СДСМ стратешки никаде не погрешила, не калкулирала и не била пополустички настроена.

„Не сметам дека стратешки погрешивме. Се вложивме 100 проценти, не калкулиравме, не бевме популисти, направивме тешки жртви. Двајцата мои претходници, Заев и Ковачевски ја жртвуваа својата политичка кариера за денес да сме членка на НАТО и да имаме започнато преговори со Европска унија. За жал, таквата длабока посветеност, не беше наградена со очекуваната мера. Но се боревме за она што верувавме дека е исправно, дека ќе донесе добробит за секој граѓанин на оваа држава, дека ќе ја постави Македонија на светската мапа. И во тоа успеавме“ порача тој.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја