Утрински Весник
Македонија

Филипче за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција

Venko Filipche.jpg

По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот д-р Венко Филипче во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на  Македонија упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

“На сите верници од исламската вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам.


Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите.

Со искрени желби за добро здравје и благосостојба,  на сите верници од исламската заедница им посакувам  овие празнични денови да донесат духовен мир, разбирање и заедништво во секој дом. Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција, во кое секој граѓанин се чувствува ценет и прифатен.

Нека е честит и вековит празникот Курбан Бајрам”, порачува во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Можете да прочитате

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот