Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

Venko f sdsm press 1.jpeg
Img 7972

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан.

„Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 милиони од домашни банки. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Ние сме исто така единствена земја во која актуелниот долг го надминува предпандемискиот пик”, рече Филипче.


Тој посочи дека и покрај ваквите алармантни бројки, власта упорно повторува дека долгот е 61,7%, односно се обидува да манипулира пред јавноста за да се прикрие вистинскиот товар што ја турка економијата надолу.

„А под површината, стои уште еден проблем кој Владата избегнува да го признае. Фискалниот совет предупредува на приближно 700 милиони евра доспеани, а неплатени обврски. Тоа е скриен долг што директно ја уништува ликвидноста на македонските компании”, рече Филипче.

И додека долговите се трупаат, Филипче предупреди дека моторот на секоја здрава екоомија, а тоа се странските инвестиции исчезнуваат.

„Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што имаме во 2025? Во првиот квартал 135,8 милиони евра, а во вториот  само 75,9 милиони евра. Премиерот, кој неодамна влезе во еуфорија со најави за милијарди, сега молчи. А токму тоа молчење е најгласниот доказ за економскиот пад”, рече претседателот на СДСМ, венко Филипче.

Можете да прочитате

Разрешениот директор Кузмановски од Неврологија ќе плати 500 евра казна, работел без лиценца цели 5 месеци

Левица: Ја срушија куќата на Малески, а една година “не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија!

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира