Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ

Tetovo sdsm 1 6.jpeg
300x250 opst2

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва на граѓанската трибина во Тетово, ја осуди инертноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кон проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Тетово, како и непочитувањето на државните симболи и Законот за употреба на македонскиот јазик во оваа општина.

„Изминативе години, овде во Тетово сме сведоци на нетранспарентни постапки при носење урбанистички планови, нефункционална инфраструктура, кучињата скитници останаа нерешен проблем. Тетово се гуши во смет и во загаден воздух, а никој ништо не презема додека здравјето на граѓаните е загрозено”, истакна д-р Филипче.


Тој предупреди дека, покрај негрижата за инфраструктурата и јавната хигиена, во Тетово се нарушуваат мултиетничкиот карактер на градот и принципите на соживот.

„А она што е најзагрижувачки – во мултиетничкиот дух на Тетово, наместо да градиме заедништво, гледаме примери на нарушување на основниот принцип на соживот и почитување на државните симболи. На јавни настани нема македонски превод, не се користат државните симболи, не се почитува доследно Законот за употреба на македонски јазик”, истакна лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

За Филипче недозволиво е ваквото однесување на локалната власт, критукувајќи го молкот на Владата и Мицкоски за нивниот коалиционен партнер, Билал Касами.

„А Владата на ВМРО-ДПМНЕ, чиј коалиционен партнер ја менаџира локалната самоуправа, е само нем посматрач на ваквите состојби. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ – молчи кога се газат државните симболи, но е најгласна кога треба да шири поделби и национализам за дневнополитички цели. Тоа е лицемерието на оваа власт – глуми патриотизам, а со двете раце ја поткопува државата”, порача д-р Филипче.

Лидерот на СДСМ потенцираше пред присутните дека патриотизмот не се мери со празни зборови и поделби, туку со дела, одговорност и почит кон сите граѓани, кон државата и нејзините симболи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат