Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во СДСМ тече процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори

Venko sdsm gocze delchev 2.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање. Тој додаде дека клучен приоритет на СДСМ е да се промовираат личности со кредибилитет, реална поддршка од заедницата и капацитет за спроведување на програмите.

„Да ги промовираме најдобрите кандидати од сите општини – луѓе од самите средини, кои имаат најголема поддршка и кредибилитет. Луѓе кои можат да ги испорачаат програмите, и вредносно и политички. Еден дел од кандидатите веќе се знаат – тоа се дел од актуелните градоначалници. Имињата ќе ги соопштиме во текот на следната недела. Мислам дека до крајот на јуни веќе целиот процес ќе биде завршен.” рече Филипче.


Претседателот Филипче посочи дека во тек се и разговорите за коалициски партнери за локалните избори.

„Ние веќе го започнавме процесот на разговори и пронаоѓање партнери за следниот период, за циклусот на локални избори. Еден дел од преговорите постепено веќе се заокружуваат, други траат, а трети допрва ќе почнат.” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Македонија и соседите во 2026 година: добрососедските односи како фактор на регионална стабилност и меѓународна безбедност

Загина маж од Паланечко: изгубил контрола и паднал од мопед

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено