Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во овие тешки моменти, најважна е поддршката и заедништвото

20250316091541 Big 730x400 74.webp.webp

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани.

„Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас.


Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката.

Ги повикувам сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација.

Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме.” стои во објавата на претседателот Филипче.

Можете да прочитате

Кучиња скитници нападнале 2-годишно дете, со тешки повреди пренесено од Битола во Скопје

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат