Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Butel3.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,”  порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел.

Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага,  кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет.


„Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се вистинскиот избор, силни жени, борци, докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби”, рече Филипче.

Тој потсети дека општините се најблиската власт до граѓаните и дека токму затоа таму е најважно да се изберат чесни и одговорни претставници.

„Општините се првиот контакт на секој човек со било која власт и тука не смее да има поделби. Тука не смее да се изберат послушници на Мицкоски кои работат само по директиви на партијата”, нагласи лидерот на СДСМ.

„А, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нуди токму такви кадри, бирани по теркот и меракот на претседателот, а не на граѓаните”, додаде Филипче.

Можете да прочитате

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?