Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Venko Ng Sdsm 1 1.png

Претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишното обраќање посочи дека годината што измина донесе изневерени надежи и очекувања за многумина. Филипче потенцираше дека новата Владата заборави на интересите на граѓаните за сметка на интересите на елитата.

„Наместо економски раст, стабилност и европска перспектива, од новата Влада видовме стагнација и блокади. Владата ги изневери граѓаните уште во првите шест месеци. Не успеа да донесе реформи, го срози стандардот на граѓаните и ги замрзна платите. По шест месеци се живее полошо дури од времето на економските кризи кои се сега далеку зад нас. Ова е последица на негрижата за граѓаните, за жал, добивме Влада која се грижи за интересите на малкумина од елитата а ги заборава оние кои и ја дадоа довербата”, порача Филипе.


При тоа, Филипе нагласи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и ќе се бори за подобрување на животот на граѓаните.

„Нашата задача е јасна, да бидеме силен глас на граѓаните, глас кој ќе се бори за правда, за економска стабилност и за подобар живот за сите нас. СДСМ никогаш нема да го изгуби својот фокус – секој човек е важен, секој проблем е наш заеднички предизвик. Ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите, за нови работни места и за реална борба против сиромаштијата. Ќе бараме вистинска правда, институции кои работат за граѓаните, а не за партиски интереси”, вели во новогодишното обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него