Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не планира реформи во правосудството, сите реформски закони се закочени

Venko Kanal 5 1.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија истакна дека кога политичарите ќе престанат да ги ставаат рацете врз судство и кога ќе бидат спроведени неопходните реформи согласно реформската агенда, подобрувањето на состојбата во него ќе биде видлива за сите.

„Сè додека се занимаваме со персонални решенија, да не бидат едни или други луѓе, за кои гледаме и сега какви се, нема да имаме независно судство. ВМРО-ДПМНЕ донесоа судија и обвинител од кои еден е роднина на градоначалник на Радовиш, друг на вицепремиер. Тоа ли е реформата во правосудството?”, праша Филипче.


Филипче го повтори повикот што СДСМ веќе го има упатено, а за кој смета дека е вистинско решение – а тоа е спроведување на реформската агенда којашто е потврдена од Европската Унија. Во рамки на овој пакет на закони има и нов Кривичен закони, нов Закон за јавен обвинител, пакет закони за Судскиот совет коишто треба да се донесат до јуни 2025 година, а некои од нив воопшто не се ставени во процедура од страна на Министерството за правда.

„Каде е тука желбата за вистинска реформа на правосудството?”, прашува Филипче.  

Филипче потсети дека носењето на законите од рефорската агенда е врзано со обврските од Планот за раст којшто и носи на земјата сериозна сума на пари, 80 милиони евра. Доколку не се донесат законите согласно предвидените рокови, овие средства во форма на грантови и фондови нема да можат да бидат ставени на располагање, потенцира Филипче.

Можете да прочитате

Унапредување на капацитетот на институциите, заедничка симулациска вежба на МВР и ТАВ Македонија

Владата да го објави Договорот со „Ѓока”, бара СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лажно се грижи за граѓаните, додека троши 100 илјади евра за партиска забава во Струмица