Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

D R Venko Filipche Sredbi So Gra Ani 2.jpeg

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп каде оствари среди со тутунарите, со фармацевтите, а се сретна и со жителите на Канатларци.

„Како што одминува кампањата, станува се појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ целата своја пропаганда ја насочува кон мене со пропаднати афери стари три години. Причината за ваквото панично напаѓање е всушност поддршката за мене и СДСМ која забрзано расте и не им излегуваат математиките на терен. Александар Николоски никаде го нема меѓу граѓаните, па му остануваат само прес конференции и измислени афери против мене. Но, како што еднаш кажав, ова е погрешна стратегија која само дополнително ја јакне мојата позиција, а поддршката за него опаѓа. Го повикувам слободно да продолжи вака, па ќе се изненади на резултатот кој ќе го постигне” – рече Филипче.

Филипче денес на средбите со граѓани на ден пред молкот за претседателските избори ги повика граѓаните да гласаат масовно за Стево Пендаровски во среда, а потоа и за СДСМ и коалцијата на 8 мај. 

„Стево Пендаровски ја заслужува вашата доверба. Тој е чесен човек, кој достојно ја вршеше функцијата Претседател на државата. Стево е човек кој обединува и кој секогаш застанува на патот на неправдата, ги штити граѓаните и нивните интереси. Стево е секогаш спремен да говори во име на обесправените,  да крене глас за секој без разлика кој е и од каде доаѓа. Тој е претедател кој не е привезок на ниедна партија, напротив жесток критичар и на СДСМ кога тоа е потребно. Таков претседател и е потребен на Македонија” – истакна Филипче.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул