Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

20240403183124 Big 730x400 75.webp.webp

Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи. Тоа не го кажувам јас тоа се зборови на моите млади колеги. 

Силјановска изгледа не знае дека ВМРО-ДПМНЕ трудот на приватните специјализанти го вреднуваше 0 денари. Со букви НУЛА денари. Таа како пратеник во последниот парламентарен состав можеше, исто така, да иницира измени во законот. Ама тогаш веројатно немала ни слушнато за оваа категорија здравствени работници, а сега во кампањата се обидува на нивни грб да прави политички поени.

За разлика од политикантството, јас како министер и СДСМ обезбедивме уште во 2018 приватните специјализанти да добијат месечен надомест во висина на просечна плата, платени дежурства како и платено здравствено осигурување.

Можете да прочитате

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Пошумување на опожарена површина на Голак

АРМ со детали по веста дека дрога е најдена во ранецот на припадник од Армијата